Се додека постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, се додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави старо-новиот премиер Зоран Заев во своето обраќање на вториот ден од Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)”.

-Годинава одбележуваме 75 години од создавањето на македонскиот јазик и правопис. Токму затоа Владата го прогласи 5 мај за Ден на македонскиот јазик. Македонскиот јазик е признат во целиот свет и слободно се користи насекаде. Нашиот јазик е нашиот идентитет. Сакам да испратам јасна порака дека оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик, рече Заев.

Според него, токму ваквите меѓународни конференции испраќаат силна поддршка за негување на нашот македонски јазик.

Тој порача граѓаните да бидат чувари на македонскиот јазик, бидејќи јазикот сме сите ние.