Просветните работници во Струмица го подржаа предупредувачкиот штрајк, организиран од страна на Синдикатот за образование, наука и култура .
Пресинг ТВ дознава дека во Струмица денеска не работат ниту основните ниту средните училишта. Наставничкиот кадар не одржа настава со цел поддршка на СОНК. Не ги примилие ниту првачињата.
Инаку премиерот Зоран Заев, кој во неколку мандати беше градоначалник на Струмица , се обрати преку Фејсбук по повод стартот на учебната година и порача:
Ние ќе ја продолжиме грижата за образованието и за стандардот на наставниците. Државата вложува во образовниот кадар и во децата, а тој влог ќе расте во иднина, напиша Заев на Фејсбук.
Инаку Синдикатот не се согласува со 5 отсто покачување на платите, кои наставниците ќе ги добијат со платата за септември, и бара да бидат повисоки за онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државата, односно до 25 отсто. СОНК очекува преговори со МОН до крајот на месецов за да се усогласат, а ако нема напредок можно е да организира генерален штрајк.
Comments are closed for this post.