Во манастирот „Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици“ кај Струмица, денеска беше одржано Наречение на новоизбраниот епископ полјански г. Јаков. Тој важи за близок соработник на владиката Наум.

Утре пак Хиротонијата на новоизбраниот епископ Јаков ќе биде извршена  во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, Водоча, на Божествената литургија (08:30), на која ќе служи архиепископот г.г. Стефан заедно со членовите на САС на МПЦ – ОА.