Петнаесетгодишна пациентка од селото Селце, Тетовско, починала денеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со голема жалост соопшти Министерството за здравство.
Пациентката со многу тешка клиничка слика била донесена на Инфективната клиника откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, а пациентката била со обезитас, соопшти Министерството.
Како што додаваат оттаму, според епидемиолошката анкета направена со таткото на девојчето, и нејзината мајка починала од ковид-19.
Comments are closed for this post.