Во два дена Ковачевски од платата на секој човек зема 3.000 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во два дена со покачувањата на цените на горивата и храната и за 15 денари, Ковачевски уништи десетици илјади семејства, кои нема да знаат како да го поминат месецот.
Во само два дена, лебот, брашното и шеќерот се искачија на 60 денари, а маслото за јадење над 160 денари, велат од партијата.
Потенцираат дека основните намирници за живот на граѓаните се енормно скапи, и на исто ниво како во земјите од Западна Европа, каде платите се и за 10 пати поголеми од тие во Македонија.
На ваквиот ценовен шок, кој се случи пред се затоа што Ковачевски не сака да се откаже од 50 милиони евра кои доаѓаат од покачената акциза, сега ќе му се приклучи ново поскапување, исто така во режија на Ковачевски, кое исто се готви во РКЕ под превезот покачување на цената на струјата.
Ковачевски и СДСМ буквално го прават животот на граѓаните се потежок и невозможен. Премногу е, протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.