Заедно со  избори на 21 април ќе се одржат и предвремените локални избори за градоначалник на Охрид, за Ново Село и Дебар.Кампањата почнува денеска

Во трката за градоначалник на Охрид се Нихаил Трендафилов – Нанче од партијата Граѓанско-демократска унија, Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиески од СДСМ, Стевче Стевоски како кандидат на политичката партија Демократи и Џемал Мена од движењето „Беса“.

Изборите за градоначалничката функција беа распишани поради ненадејната смрт на градоначалникот на Oхрид Јован Стојаноски, кој почина на 15 декември минатата година.

За испразнетото градоначалничко место во Ново Село кандидати се Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков од ВМРО-ДПМНЕ. Никола Андонов е познат стопанственик од селото Колешино, а функцијата градоначалник на Ново Село ја извршуваше во периодот од 2005 до 2009 година. Николчо Стоилков е актуелен претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Ново Село. Дипломирал на Правниот факултет при УКИМ, вработен е во Царинската управа.

Во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.

Во трката за градоначалник на Дебар, на предверемените локални избор, на 21 април ќе учествуваат двајца кандидати. Тоа се познатите дебарски доктори, Хекуран Дука, кој е кандидат на ДУИ  и Арбен Аголи на Алијасата за Албанците, поддржан од Движењето „Беса“.