Денеска почнува кампањата за претседателските избори. Тројцата кандидати, Гордана Силјановска, Стево Пендаровски и Блерим Река потпишаа кодекс за фер избори и си кажаа убави зборови еден за друг. Дали така ќе биде и на терен останува да видиме.

Кандидатите ќе имаат 20 денови да ги убедат гласачите дека се вистинскиот избор за иден шеф на државата.

Пендаровски денеска својот прв митинг ќе го има во Прилеп, а претходно пак ќе биде во Крушево. Сијановска пак на стартот ќе биде во Ресен, Струга и во Охрид. Двајцата кандидати на митинзите најчесто ќе бидат придужувани од партиските лидери Заев и Мицкоски.

Покрај митинзи од двата табора најавуваат и многу средби со граѓани, па дури одење во нивните домови со цел да ги убедат дека тие се вистинскиот избор.

Кампањата завршува на 18 април на полноќ а првиот круг од изборите се одржува на 20 април.