Во МВР се случува целосен хаос, а министерот Оливер Спасовски единствено се грижи за својата кандидатура и себепромоција пред претседателските избори.Состојбата во МВР е целосно вон контрола а доказ за тоа е инцидент во Шуто Оризари. Од јавноста се кријат и премолчуваат детали за учесниците и нивните мотиви со што се отвора сомнеж дека повторно пресудна во целиот случај ќе биде политиката, а не правото, обвинува Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Смешните и паушални објаснувања на Оливер Спасовски се трагедија сами по себе.Прашањата кои ја интересираат јавноста се следни: Дали напаѓачите врз полициските службеници биле исто така полициски службеници, но и лица поврзани со актуелниот градоначалник?
Дали е точно дека меѓу приведените има полициски службеници од шестата управа?
Дали тие се легитимирале, односно дали службено постапувале или како пак што милува Оливер Спасовски да каже, само приватно?
Што барале таму нападнатите полициски службеници во возило без регистарски таблици? Дали е пронајдено нешто во тоа возилото?
Зошто сите овие информации се кријат од јавноста и од жителите во Шуто Оризари? Зошто наместо полицијата да се бори против криминалот, оружјето го насочува меѓу себе-вели Ѓорѓиевски.
Comments are closed for this post.