Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој е во работна посета на Република Финска, денеска имал средба со министерот за европски прашања Само Терхо, на која биле отворени теми за процесот на проширување на ЕУ со земјите од западниот Балкан, како и евроатлантските перспективи на Македонија.

Доаѓам во веројатно најважниот период за нашите европски интеграции, веднаш по успешната имплементација на Договорот од Преспа, што претставува историска пресвртница не само за нашата земја, туку и за целиот регион, истакнал Османи на средбата, соопшти денеска Секретаријатот за европски прашања. Тој посочил дека успехот на Македонија, да ги затвори практично сите отворени политички прашања, и да се наметне како единствена земја на Балканот, без ниту едно посериозно отворено прашање, претставува успех на европската идеја на Балканот, и ќе претставува поттик и за останатите земји во создавањето доверба кон оваа идеја.