Во личните карти мора да стои „Граѓанин на Cеверна Македонија“, потсети на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Важно е да се почитува до крај државјанството каде што стои „Македонско/Граѓанин на Република Cеверна Македонија“. Етничкиот идентитет на Македонците е потврден со Преспанскиот договор, како што е потврден и македонскиот јазик. Нема никакво загрозување на било кои интереси дома, од различностите наши, ни па надвор. Сме дале збор, се одржаа состаноци, работни групи, се имплементираат рокови, се знаат деталите како ќе се менува тоа, деталите ќе ги сподели Министерството за внатрешни работи, рече Заев.