Драмски театар-Скопје денеска од 10 часот ќе одржи комеморација за актерката Билјана Беличанец која почина во саботата.

Билјана Беличанец (1973-2019) беше актерка во Драмскиот театар од 1997 година, а три години претходно работеше во Прилепскиот театар. Од дипломирањето на ФДУ во 1994 Беличанец имаше голем број театарски улоги и награди на фестивали.