Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде се одвива вакцинацијата нема основни услови за имуницација. Во салата е неподносливо жешко и спарно па лица кои вчера се вакцининираа за „Република“ потврдуваат дека пред нив неколкумина паднале во бесознание поради горештините.

Тоа се случува што климите не се уклучуваат а згора на тоа се пуштени силни рефлектори.Медицинските лица се жалат и дека немаат вода за пиење а во салата има над 40 степени.

Во вибер комуникацијата од групата во која комуницира и се координира медицинскиот персонал кој ја врши вакцинацијата во пунктот „Борис Трајковски“ може да се види дека тие со денови наназад ги молат надлежните да им обезбедат основни услови за работа.