Македонија поради изгубениот Заев се претвори во загубена држава. Практичната шега која му ја направија, која што му ја приредија на површина извади сериозни работи. По којзнае кој пат се уверуваме дека аболицираниот криминалец Зоран Заев не се менува и старите манири од градоначалничкиот кабинет од Струмица сега владеат во кабинетот на Владата на Република Македонија, рече на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во разговорот со лажниот Порошенко, Заев открива дека е подготвен да му плати на вселенскиот патријарх 100 илјади евра во кеш и за него е тоа нормално, додаде тој.
Ова е целокупната беда на Заев преточена во само неколку минути. Ова го покажува менталниот склоп на аболицираниот Зоран Заев. Тука колку и да сака Заев да се правда со цигли и други градежни материјали, тој зборува и станува збор во разговорот за донација во кеш, во готово. Никој до сега не слушнал дека цигли, цемент и арматура се викаат кеш. Дотолку повеќе што Заев говори дека е нормално да се дава кеш, а натаму уште е среќен што му е даден попуст, пазете попуст па ќе даде само 100 илјади евра“, продолжи Стоилковски.
Тој рече дека ставајќи ја шегата на страна, што на пример открил телефони на американски функционери, „како да е златна книга“, па и тоа што не почитувал никакви безбедносни протоколи, „овде се работи за многу посериозен скандал“.
Ова е класичен обид за корупција за кој што Заев не само што треба да понесе политичка, туку и кривична одговорност. Срамот кој и го приреди на Македонија станува планетарен. Не е ни чудо што сме најкорумпирана земја во Европа, кога за премиер го имаме Зоран Заев. Оставка од Заев требаше да биде поднесена уште вчера, бидејќи секој поминат ден со Заев на власт се руши се повеќе угледот и позициите на Република Македонија“, заврши Наум Стоилковски.
Comments are closed for this post.