11-ти јули е светски ден на населението во календарот на Обединетите нации. Во ситуација во која што светот достигнува 8 милијарди жители, во ситуација во која што се зголемува населението, во ситуација во која што земји кои што до вчера имале 10, 20 милиони жители растат со својата популација. Во оваа ситуација во ова денешно време Македонија се соочува со демографска катастрофа, рече на денешната прес конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Македонија се соочува со невидена демографска катастрофа. Како никогаш до сега во историјата“, потенцираше Ѓорчев.

Повикувајќи се на бројките од статистичкиот билтен на Заводот за статистика во месец април 2019  бројот на родени бебиња во однос на минатиот април е паднат за 14,4%. Рецесија од 14,4%.

Значи во април минатата 2018-та година биле родени 1.672 бебиња, а во овој април се 1.432. Тоа е пад од 240 бебиња. 240 деца помалку само во еден месец, од април до април. А, да ве потсетам дека 2018-та година беше најлоша демографска година откако има статистика и бројки во Македонија, најлоша во 70 години наназад. Им оставивме 23.002 бебиња, а минатата имавме 21.333. Значи огромен пад и рецесија од 7%. Е, сега на таа рецесија и пад од 7% имаме дополнително 14.4% пад. Што тоа значи? Тоа значи дека Македонија исчезнува, дека Македонија буквално физички умира, дека државата се празни“, рече Ѓорчев.

Според него Зоран Заев и неговите министри имаат одговорност за ваквата ситуација.