Со состојбата во Република Македонија е загрижувачка. Имаме политичко уназадување, правен хаос, девастирана и упропастена економија, здравствен систем кој не функционира, образование кое не нуди квалитет, земјоделие со премногу проблеми. Владата не само што не нуди решенија, туку само ги продлабочува проблемите. Нема напредок во ниту едно поле и област. Освен секако во криминалот и корупцијата, тоа е единственото нешто што знае да го прави хунтата на Заев, вели Игор Јанушев.

Според него, името, идентитетот, достоинството на македонските граѓани, зародената власт не значи ништо и нема ништо свето.

Наша обврска како партија е да се спротивставиме на ваквото назадување. Преку понуда, проекти, нудење на решенија. Постои се поголем интерес на луѓе, квалитетни поединци кои ја сакаат Македонија и сакаат да помогнат, и да дадат свој придонес на тој план.

Токму затоа ќе работиме на дополнително унапредување на капацитетите кои ќе нудат решенија и предлози, но и кои ќе изработат сопствена понуда ангажирајќи ги најдобрите капацитети  и најдобрите поединци и професионалци во оваа држава.

Во таа насока на последната седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за распишување на Јавен Повик: За интерес за кандидирање за членови на Републичките Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.