ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на итна седница на Комисијата за култура на која што ќе се дискутира за Охрид и листата на УНЕСКО.
Охрид за прв пат откако е впишан како заштитено подрачја од УНЕСКО во 1979 година, ќе се најде на листата на светско културно наследство во опасност, благодарение на неспособноста и негрижата на власта за културното и природното наследство во целина. Овој поразителен податок се наоѓа во најновиот извештај на УНЕСКО што ќе се разгледува на 43 сесија на Собранието на УНЕСКО кое ќе се одржи на 10 јули во Баку, а е објавен вчера. Охрид согласно овој извештај, во Баку ќе биде ставен на листата на загроезено светско културно наследство“, рече пратеничката Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предупредува и апелира веднаш да се формира кризен штаб за итно постапување по препораките на УНЕСКО.
Според изештајот, подрачјето се соочува со неповратна трансфорамција на цекупната поврзаност помеѓу историскиот дел од градот, архелошките локалитети, придоното опкружување и самото езеро, што може да се надмине само со големи промени во управувањет, менаџирањето, планирањето и конзервацијата. Бидејќи власта се покажа како непособна да се справи со проблемот, ние се ставаме на располагање со сите свои капацитети да се вклучиме и да го спасиме ОХРИД“, рече Манаскова.
Comments are closed for this post.