Министерката за правда Рената Дескоска објави дека на подарок добила златна метла. Таа на фејсбук објави и фотографија од метлата и напиша:

Ви благодариме за овој златен подарок – златна метла. Златна метла во правда може да биде за метење криминал и корупција. Се надеваме дека со носењето на Законот за Јавното обвинителство ќе се исполни оваа насушна потреба на граѓаните. Затоа, охрабрете се – заедно да го изгласаме и да создадеме можност да се измете криминалот и корупцијата!“напиша Дескоска.