Измамникот Заев вети и излажа дека ќе си даде оставка ако нема датум за преговори. Зоран Заев не е способен да си го исполни сопственото ветување дека ќе си замине ако нема успех на планот на европски интеграции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата соопштуваат дека Заев доби власт на две основни лажни ветувања, живот за секого, и преговори со ЕУ. И во двете не успеа и ги разочара граѓаните.
Државава тоне во тешка политичка и економска о здравствена криза. Отспаките на Заев завршија со ново фијаско. Нема повеќе ниту една причина измамникот Заев да биде премиер кога со него државава бележи само порази и неуспеси. Ниту ја сочува жицата ниту ја донесе ЕУ. Со Заев само криминалот и корупцијата се реалност. Тој е готов и минато. Треба да признае дека неговата кариера завршува неславно. Да потсетиме дека Европската Унија не препознава вредност во политичар кој го краде и лаже сопствениот народ. Кој зема рекет од 8 милиони евра и прави бизниси со панамски пари со анти ЕУ и анти НАТО политичари. Со измамникот Заев нема ЕУ и нема иднина, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.