Премиерот во заминување, Зоран Заев е тој кој што е изолиран и нервозен. Членството на СДСМ, граѓаните, јавноста, интелектуалците се тие кои јасно и гласно кажуваат не на неговата штетна политика на свиткана кичма, која не носи секој ден пред нови порази, неуспеси и ќор сокак на нашите евроинтеграции, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Народот се спротивставува сè погласно на намерата на премиерот во заминување Зоран Заев да го погази целосно македонското достоинство ставајќи ги на тезга за распродавање македонскиот јазик, идентитетот на народот и историјата. Соочен со ова премиерот во заминување Заев со малкумината свои послушници праќа нервозни пораки до јавноста. Македонија се буди. Македонија или Заев. Оставка на Заев, слобода за Македонија“, наведено е во соопштението.