Власта воведува полициски час и ограничува движење а за само 20тина дена ќе пушти илјадници попишувачи да одат по домовите на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека Зоран Заев не го интересира ниту здравјето, ниту животот на луѓето.
Заев го интересира само политичка корист, а во овој смисол остварување на политичкиот договор. Организирање на попис во услови на разгорена пандемија ќе резултира со илјадници нови заразени и стотина мртви. Заев пушта невакцинирани попишувачи и со тоа се заканува да го направи најголемиот корона кластер до сега. Попис во сред пандемија е сигурен начин како цела држава да заболи од корона.Несовесно и срамно е што Заев продолжува со намерите за организирање на попис, не само покрај аргументите на стручната јавност и граѓаните, туку и по откажувањата на пописите во Бугарија, Србија, Хрватска, Ирска, Германија и други држави, се наведува во соопштението на партијата.
Оттаму додаваат дека сите овие држави имаат вакцинирано голем дел од населението, но сепак не сакаат никого да ставаат во животно загрозувачка состојба.
Зоран Заев и Венко Филипче ќе одговараат за штетите кои што ги нанесуваат врз јавното здравје и животот на граѓаните, велат од партијата.
Comments are closed for this post.