Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, изјави дека ако партиите до крајот на овој месец не се договорат за таканаречениот „фингерпринт“, односно земањето отпечаток од прст при гласањето, тогаш претстојните локални избори во октомври ќе треба да се одложат.

Според него, тие би требало да се поместат за еден месец подоцна. Даштевски ги повика партиите во Парламентот да ги изгласаат измените во Изборниот законик, да се распише тендер за набавка на читачи, а потоа да се поврзат базите на податоци од МВР.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и ДУИ избегнуваат да се донесат овие измени за намерно да манипулираат со изборите, нешто што од СДСМ го негираа.