Во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев дека наводно се прифатени дел од забелешките на ВМРО-ДПМНЕ во однос на преговорите за законските нормативи од областа на обвинителството опозициската партија вечерва соопшти дека ги демантира неговите тврдења.
„Прво, или господинот Заев го нема прочитано новиот предлог кој министерката за правда, Дескоска го достави до претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, или пак Заев продолжува свесно да не ја говори вистината во јавноста и фингира дека наводно власта е кооперативна.
Второ, неприфатлива е реториката на власта и принципот земи или остави кои не одат во интерес на процесот“, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ подвлекува дека „власта може на вештачки начин да оформи двотретинско мнозинство“ како што и практично покажа во изминатиов период, но тоа нема да донесе квалитет на реформите ниту пак ќе им даде легитимитет без договор со ВМРО-ДПМНЕ.
„Евентуално такво водење на процесот подразбира покажување на мускули во политиката и никако не може да биде реформа туку алатка за пресметка на Заев со политичките неистомисленици“, се додава во истото соопштение.
Comments are closed for this post.