Македонија е загубена држава со Зоран Заев на власт. Зоран Заев и криминалната влада која ја води ја претворија државата во дувло на криминал и корупција. Наместо кривични постапки против функционерите во власта имаме амнестирања од страна на премиерот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев е единствениот неколкукратно аболициран премиер во Европа, тој е човекот кој ги амнестира од одговорност и криминал сите функционери во неговата влада фатени во сомнителни работи, зделки и потфати. Зоран Заев го амнестира Драги Рашковски. Заев не побара оставка од Рашковски, ниту пак повика на истрага. Зоран Заев го амнестираше и Кочо Анѓушев, кој во екот на преговорите со Грција ја продаде својата фирма ЕДС на грчкото електростопанство, стои во партиското соопштение и се додава:

„Зоран Заев го аммнестираше и Оливер Спасовски, кој преку оглас додели лиценци за спроведување на возачки испити на фирма на другар на Зоран Заев од Струмица. Зоран Заев го амнестираше и Јован Деспотовски преку кој беа доделени милиони на име грантови за иновации на блиски луѓе до СДСМ. Зоран Заев ги амнестираше и десетиците случаи на непотизам, на синови и ќерки на негови функционери вработени во јавната администрација. Време е граѓаните да си ја вратат државата. Да ставиме крај на криминалот, корупцијата и скандалите“