Срамно е што за СДСМ и владата не е крива корупцијата на институциите во случајот со фаталната сообраќајка, туку починатите што не ја виделе корупцијата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Националниот координатор за гранично управување поставен од СДСМ, Владимир Пивоваров, кој е исто така одговорен што автобусот на Беса транс поминал 135 пати граница без дозвола за меѓународен превоз, не наоѓа вина во себе, за работата која не ја вршел, а за која е платен од граѓаните, туку во патниците кои не ја барале лиценцата за меѓународен превоз на увид. Изјавата на Пивоваров е скандал и прикривање на сопствените пропусти и неспособност, со фрлање вина врз починатите. Зошто Пивоваров, Заев, Спасовски, Бочварски, Исени и другите земаат плата од државата, ако граѓаните се тие кои треба да вршат контроли? Очигледно е дека власта ги штити виновниците за пропустите кои доведоа до смрт на 45 луѓе, Пивоваров префрла вина, Спасовски молчи, братучедот на Ахмети, Хусеини го штити газдата на Беса транс, велат од партијата.
Од таму додаваат дека автобусот на Беса транс цели 135 пати ја поминал границата без лиценца за меѓународен транспорт. Кој дозволил овој автобус да сообраќа толку долго време, и да поминува голем број на институции и потенцијални контроли на МВР и Царинската управа неказнето?
-Кој и зошто ја штити Беса транс? Покрај големиот број контрадикторности, се јавува уште една дилема, дали директорот на транспортниот инспекторат Руфат Хусеини, кој ги исполнува законските услови за пензионирање уште од месец март оваа година не отишол во пензија за да овозможи незаконски транспорт на фирмите? Руфат Хусеини чека со денови да влезе во Беса транс, а за тоа си бара разни изговори прво, дека не му отвораат, па дека ако не му отворат ќе побара полициска асистенција. Очигледно е дека Беса транс е заштитена од врвот на власта. Власта треба да одговори и дали и колку пати службеници на МВР од терен кои си ја вршеле работата и не претпоставуваат дека зад Беса транс стои државниот врв пишувале белешки до Инспекторатот за недостатоци на нивните автобуси, а од Инспекторатот не реагирале и ништо не било преземено?! Дали коалицијата СДСМ – ДУИ е поважна од животите на граѓаните?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.