Извештајот на Обвинителството за користењето на пособните истражни мерки, односно прислушување и следење, доцнел осум месеци, а во него недостасувал и финансиски извештај, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој е претседател на собраниската комисија за надзор на комуникациите.

-Реформата на безбедносниот систем која наводно се спроведува е само козметичка шминка. Овојпат извештајот е доставен со задоцнување од „само“ осум месеци, оти претходниот доцнеше цела година. Комисијата постапува според извештајот преку забелешки. Самиот извештај е математички приказ за број на прислушувања, број на предмети и колку се спроведени до судот. Но, недостасува финансиски извештај. Во овој извештај има големо намалување на ПИМ мерките. Интересно е што никогаш не се користи мерката за контрола на компјутерските системи кои се клучни за економскиот криминал, вели Јанушев за Утрински брифинг.

Јанушев вели дека не функционира ни Советот за граѓански надзор откако проф. Гордан Калајџив си поднесе оставка. Тој додава дека во комисискиот извешај ќе нотира доцнење на информациите, дека недостасува финансискиот момент од прислушувањето како и податоци и објаснувања на ставките кои се нумерички наведени.

-Системот за надзор е покоплициран. Имаме ОТА и уште шест институции кои имаат право да го работат тоа. Обвинителството има обврска да стави во извештајот од кои институции користеле услуги, а ако не користеле треба да наведат зошто, а податоци за следење на комуникации има, вели Јанушев и додава дека финансиските трошоци Обвинителството треба однапред да ги планира.