о реакциите во јавноста, Град Скопје ги коригираше сликите на влезните билборди, со што покажа дека можел веднаш да интервенира. Сепак, и по корекцијата, албанскиот јазик и натаму недостасува, велат од ДУИ.

Ова покажува дека станува збор за свесна одлука да се игнорираат албанскиот јазик и мултиетничкиот карактер на Скопје. Во двојазичен град, исклучувањето на албанскиот јазик од официјалните натписи претставува тешка политичка и институционална провокација и прекршување на законот.

ДУИ бара итна корекција на билбордите и поставување на албанскиот јазик, во согласност со законот и со реалноста на Скопје.

Доколку законот не биде спроведен, ќе ги преземеме сите правни, институционални и демократски мерки за заштита на албанскиот јазик и достоинството на Албанците.

Политичката одговорност за овој континуиран модел на игнорирање на Албанците паѓа врз ВЛЕН, кои со својата вазалност создадоа уверување дека интересите и правата на Албанците можат да се прекршуваат без никакви последици.