Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека чекаат Зоран Заев и официјално да го достави предлог законот по што партиските комисии ќе го анализираат и партијата ќе излезе со став.
-Во меѓувреме продолжуваме да работиме и на нашиот предлог. Освен дека е изготвен предлог закон на прес конференцијата на Зоран Заев слушнавме и негови желби кои не се ништо ново. Најголем кошмар му останува ВМРО-ДПМНЕ, а главна цел да ја скрши и забрани партијата која му е единствена пречка во неговата намера неказнето да ги ограбува граѓаните и државата, велат од партијата.
Comments are closed for this post.