Владата која лажно се преставува за транспарентна, на шверцерски начин далеку од очите на јавноста на нетранспарентен начин скрои ребаланс на буџет кој преставува покривање на матните бизниси и нерентабилната презадолжена економија, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе ни огромното задолжување не може да ги покрие криминалите на владата.
Владата треба да одговори зошто на шверцерски начин турка ребаланс на буџетот, дали ова значи дека прикриваат траги од незаконско работење, дали поради катастрофалното работење на владата во опасност се доведени редовните исплати на пензии и социјални трансфери? Дали економијата е пред банкрот?

Нема ниту едно остварено ветување. Да потсетиме ние сме економија со капитални инвестиции од енормно ниски само 23.3 отсто за повеќе од половина година, со пад на градежништвото од минус триесет отсто, без нови странски инвестиции, и со девизен прилив на странските инвестиции донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ со енормно задолжена економија од 5.14 милијарди евра, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.