Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за утре најави предупредувачки протест за преговорите со Бугарија. Протестот ќе биде на три раскрсници во Скопје и во десет градови низ земјата. Мицкоски вели дека јавноста мора да знае за што се преговара и оти двоецот Заев-Буковски преговараат за идентитетот, нацијата, јазикот и посебноста на македонскиот народ.
Според него, она што Заев го нарекува патоказ и всушност се условите кои Македонија треба да исполни за да ги почне преговорите.
Ако власта ги прифати условите на бугарската декларација во преговорите со ЕУ тогаш тоа станува европски проблем а не билатерален. Доколку не се побуниме Заев ќе прифати се-вели Мицкоски.
Comments are closed for this post.