ВМРО-ДПМНЕ: Убиства со калашников на сред улица станаа секојдневие, со Заев и Спасовски Скопје стана небезбеден град

05.03.2021 / 12:11


Наместо Брисел, Спасовски и Заев го донесоа Бејрут во Скопје, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по убиството што ноќеска се случи во скопската населба Топанско Поле. Велат, со Заев и Спасовски Скопје стана небезбеден град.

Убиства со калашников на сред улица станаа секојдневие. Двократното убиство од утринава само го потврдува тоа. Двајца луѓе се буквално изрешетани со калашников, а полицијата не само што ги нема фатено, туку и не знае за убијците. Убиството од утрово е по ист рецепт како убиството на „Рузвелтова“, кога исто така беа убиени двајца луѓе од друго возило во движење. И тој случај, како и овој од утрово е нерасчистен. Спасовски не ги знае убијците и тие се на слобода, и можат да го повторат делото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека во последните 4 години додека е Спасовски министер, ова е едно од десетина убиства, за кои не се знае ништо, а убијците се на слобода.

Спасовски да каже како може некој да поседува калашников, а полицијата затоа да не знае. Дали граѓаните се безбедни и како тој тоа го гарантира, кога секој криминалец почна во кола да носи калашников?

Спасовски и политичкиот дел од полицијата станаа главни заштитници на криминалот. Нема друг одговор освен сојуз помеѓу мафијата и Спасовски.

Спасовски свесно ги дозволува мафијашките дивеења. Додека мафијата дивее, народот е уплашен.

Спасовски и сите заштитници на криминалот треба да знаат дека следува одговорност и дека за ваквото не делување и непостапување ќе одговараат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Николоски: Бугарија го ратификува договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.

пред 17 часа
Македонија

Mицкоски се сретна со претеникот на Трамп, Ричард Гренел (ФОТО)

пред 17 часа
Македонија

Сопственикот на плантажата со марихуана од Ново Село и Филипче се знаат само од телевизија

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Договорот со САД за реципрочна трговија го трасира патот за договор за тарифи не повисоки од 15 посто

пред 2 дена
Македонија

Муцунски: Важен и значаен исчекор во економската соработка со САД, кој има големо значење за македонската економија

пред 2 дена
Македонија

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенска безбедносна конференција

пред 2 дена
Барање на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон!

пред 3 дена
Македонија

Филипче: СДСМ на конгрес во јуни ќе презентира нова партиска програма

пред 3 дена
Македонија

Kaдриу нема намера да му се извини на Бубевски

пред 3 дена
Македонија

Стефановски: Jавна тајна е дека и фамилијата на Заев се занимава со бизнисoт со марихуана

пред 3 дена