Станицата за технички преглед „Авто мото здружение“-Гостивар, добила забрана за вршење на технички преглед од страна на Министерството за внатрешни работи, но само по неколку дена вршен е нов надзор и решението за забрана им е поништено. Компанијата „ДУРМО ТУРС“ која е сопственик и превозник чиј автобус излета од патот, била воедно и сопственик на станица за технички преглед „Авто мото здружение“- Гостивар. Она што е сомнително е што истата „ДУРМО ТУРС“ своите возила ги регистрирала токму во сопствениот технички преглед во Гостивар, обвинија денеска од ВМРО ДПМНЕ.
Прашањето е зошто дозволил министерот иако по закон е изречена забрана за вршење на технички преглед во времетраење од 30 дена, да се изврши нов надзор за само 7 од 10 дена односно повторен увид и врз основа на записник и мислење од Бирото за јавна безбедност – сектор за сообраќајни работи да му издаде ново решение за работа, што е спротивно на закон за давање и одземање овластување за технички преглед, прашаа од ВМРО ДПМНЕ.
Кој го потпишал записникот за увид, кој излегол на увид и со чија наредба иако знаел дека во законски предвидениот рок од 30 дена не смее да врши увид се отстранети сите неправилности. Дали за време на за забраната е вршен технички преглед, а потоа се дерегистрирани сите возила што се поминати за време на одземеното овластување. Зошто не е санкционирана станицата за вршење технички предглед за стореното кривично дело?, ијзави Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
По закон станиците треба да го чуваат видео надзорот 12 месеци. Дали се извадени снимки од видео надзорот за да се утврди дали автобусот бил во станицата и на кој начин е вршен технички преглед?
Одговорност мора да има и да се расветли случајот каде несреќно го загубија животот 15 луѓе и уште толку беа повредени.Оливер Спасовски мора да сноси одговорност и тоа уште веднаш.
Comments are closed for this post.