И по Мира Дизел доаѓа Милева Ѓорѓиева, исто така пратеничка на СДСМ. Пратеничката на СДСМ од Радовиш, Милева Ѓорѓиева, направила копи-паст на моделот за вработување наречен „Мира Дизел вработување“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Освен што и се вработи синот во МВР како инспектор за јавна безбедност, радоста во семејството на Милева  го дополнува и вработувањето на уште неколку други членови на семејството, потенцираше тој на прес-конференцијата.

Почитувани, прашуваме, дали е точно дека Љубица Илиева Ѓорѓиева снаа за син на Милева Ѓорѓиева е вработена во општина Радовиш на неопределено време? Дали е точно дека исто така  Петре Партиков брат на Милева Ѓорѓиева е вработен како педагог во ОУ „Атанас Нивичански“ со несоодветно образование? Патем дали е точно исто така дека синот на Милева Ѓорѓиева, освен што добил вработување во МВР како инспектор, е поставен и за управител на РК Радовиш формиран од општината преку кој располага и со 5 милиони денари народни пари доделени од општинскиот буџет на општина Радовиш, праша Арсовски.