Сите земји во светот и Европа почнаа со вакцинирање против корона кон крајот на декември минатата година или некои почеток на јануари годинава. Крај на февруари, на праг е март Венко Филипче и Зоран Заев не успеаја да набават ни една вакцина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека единствени вакцини кои ги има во државава се оние од донацијата од Србија, а се вакцинира медицинскиот кадар кој е на првите борбени редови, а треба буквално сите медицински работници да се вакцинираат, треба да се вакцинираат возрасните, треба да се вакцинираат оние со повеќе хронични болести, секако има и многу други кои сакаат да се вакцинираат.

-Но, вакцини нема. Филипче ги осуди на смрт граѓаните. Во периодот откако другите земји почнаа да вакцинираат до сега во Македонија има околу 700 починати или околу 350 лица месечно починуваат од корона. Колку од нив ќе беа спасени да имаше вакцини? Она што Филипче и Заев кажуваат се само лаги, па само за неделава најавија вакцини од повеќе производители, но стигнаа само оние до 8000 од Србија. За ваквото однесување мора да има одговорност, стои во соопштението на партијата.