На Петре Шилегов и на Стефан Богоев им требаше годин и пол за да излезат и да го работат она за што се платени“, реагираат преку соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ на денешната акција за чистење на отворената депонија во општина Карпош.
Во соопштението стои дека градоначалниците Шилегов и Богоев се пофалиле дека почнале да ја чистат депонија, за која имале година и пол да ја исчистат. Од опозицијата обвинуваат дека тоа е поради поразот на претседателските избори и на нивниот кандидат Стево Пендаровски, а излегувањето пред камери се само бледи изјави за да се преправаат дека нешто работат.
Скопје му го сврте грбот на СДСМ. Скопје му сврте грб на Заев, Пендаровски, Шилегов и Богоев. Скопје и скопјани сакаат работа и посветеност, иневестиции на секое поле, а тоа се работи кои од СДСМ не ги видоа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека скопјани не се нискоинтелегентни за да им поверуваат на лагите. Дека СДСМ губи и ќе изгуби и во вториот круг, бидејќи скопјани сакаат претседател на државата кој е за право и правдина.
Comments are closed for this post.