Шилегов лаже, тој нема дозвола за надградба, Општина Карпош треба да ја руши зградата. Се што покажа Петре Шилегов вчера е дозвола за реконструкција, а тоа е дозвола со која се дозволува ставање на нова фасада или изведување на градежни работи кои нема да го променат габаритот на зградата. За разлика од реконструкција, Шилегов направи надградба на уште два ката, нешто за што нема дозвола, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Шилегов има зграда која е повисока за два ката од сите останати куќи. Шилегов нема документ со кој ќе докаже дека зградата е изградена законски.
Општина Карпош треба да постапи согласно закон и да ја сруши дивоградбата на Шилегов.
Comments are closed for this post.