Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Владимир Ѓорчев, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, положи цвеќе и оддаде почит на 7- годишнината од смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ оддаде почит за Глигоров, првиот претседател на Република Македонија и учесник во АСНОМ, кој несебично се вложи себеси во градењето на независна Република Македонија, која што денес токму неговите партиски наследници ја погазуваат менувајќи го Уставот со цел менување на уставното име и идентитет“, се вели во партиското сопштение.