Опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа предлог за измени и дополнувања на Законот за пратениците, со кој сите народни претставници во Собранието би смееле да имаат само македонско државјанство и ниту едно друго, односно од некоја друга држава.
На предлог законот кој стигна во Собранието и за кој тие предлагат да се носи по скратена постапка, се потпишани најголемиот број од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Притоа, како што стои во самото предлог законско решение, доколку тоа се изгласа, ќе важи не само за некои наредни пратеници, туку веќе и за народните избраници од овој пратенички состав, бидејќи би требало да влезе во сила 30 дена по објавувањето во Службен весник.
Предложениот закон, би можел да биде изгласан и само со помош на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, бидејќи за истиот не е потребно да се почитува Бадентеровиот принцип.
Comments are closed for this post.