Веднаш по изборите ВМРО-ДПМНЕ направи чекори кои се очекуваа, се смени статутот во неколку многу итни одредби кои за прв пат се применуваат кај македонските политички партии воопшто, а тоа е давање голема автономија и незвисност во одлучувањето на базата на партијата.
Досега, сите релевантни партии не само во Македонија туку у регионов имаа принцип раководството да одбира општински организации а потоа општинските да ги бираат нив поради што медиумите често овој систем го нарекуваа “султан партии“. ВМРО-ДПМНЕ сега темелно го смени тој принцип.
Оваа одлука за темелна демократизација на партијата беше иницирана и поздравена од најголемата партиска асоцијација во Европа – ЕПП, асоцијацијата на десни политички партии оценувајќи дека во регионот, за прв пат, ВМРО-ДПМНЕ применува европски стандард на внатрешно партиско организирање.
Сега, откако добија големи права за одлуки, општинските организации, или комитети кај ВМРО-ДПМНЕ, иницираат и кадровски промени кои следат. Имено, партијата планира брзи кадровски промени, освежувања со нови лица, на речиси сите нивоа во ВМРО-ДПМНЕ.
Овие промени треба да овозможат поголема доверба во проектите на партијата на локално и централно ниво, функционалност доколку ВМРО-ДПМНЕ обезбеди влез во идната влада како и организациски потенцијал за наредните локални избори кои се очекуваат за година дена.
Наредните денови и недели треба да се очекуваат првите кадровски промени и порака до членството, гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста дека партијата делува согласно јавната оценка за работењето и потребите на граѓаните.
Comments are closed for this post.