Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска од пред Собранието остави метла и му порача на премиерот Зоран Заев да не се мисли и да почне да мете од пратеникот Павле Богоевски поради објавената снимка на која се слуша неговиот глас и се поврзува со психотропни супстанци.
Богоевски призна дека нелегално купувал наркотични супстанци и го прекршил законот. Како што слушнавме на снимката, Богоевски набавувал кокаин, па прашуваме дали тој има легитимитет како пратеник да одлучува во име на народот. Богоевски треба да одговори од каде вршел набавка, дали ја препродавал дрогата и колку време е корисник на нарко-супстанци. Доколку е чист, уште вчера требаше да направи тест за дроги. Ги повикуваме надлежните институции и ОЈО да покрене постапка и да го затвори случајот, а Заев веднаш да се фати за метлата. Ако нема, еве ние му оставаме една пред Собрание“, изјави Стојановска.
Таа најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ во рамки на законските можности ќе покрене иницијатива пред Собранието со цел Богоевски да го напушти законодавниот дом, односно да му се одземе мандатот.
Comments are closed for this post.