Сами Укшини, познат како командант Соколи, денеска во Апелациониот суд, каде во тек е сослушувањето за случајот „Диво Насеље“.

Соколи го изрази својот гнев кон судијката и полицијата, за како што рече, четиригодишното малтретирање кое им се прави, пренесува Лајм.

Доста веќе, не ве поднесуваме. Четири години ве трпевме и не малтретиравме. Не ве поднесуваме веќе. Вие сте дојдени од Карпатите, таму треба да се вратите, рече Соколи.

Обвинетите пред почетокот кажаа дека нивните бранители немаат право денеска да зборуваат пред тие да се обратат пред судот.

Не сакаме адвокатите да зборуваат во наше име, ние ќе зборуваме за себе. Не го признаваме овој суд  и бараме меѓународна истрага, порачаа на албански јазик дел од обвинетите.