Владата не работи ништо, за 7 месеци реализирале само 30% од планираните капитални инвестиции, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Нема нови патишта, нема нови училишта, болници или други капитални проекти. Најголема реализација на капиталните инвестиции од сите буџетски корисници има Агенцијата за разузнавање со над 98% реализација. Ова е показател дека власта ништо не работи само пари троши на неважни работи. Од 96 буџетски корисници дури 16 институции имаат 0% или блиску до 0% реализација на капиталните инвестиции. Околу 30 од институциите имаат реализација под 10%. Институциите кои треба да имаат реализација на капитални инвестиции немаат. Дополнително загрижува фактот што во ставката на капитални инвестиции се засметани и купувањето на мебел и луксузни добра кои не им се од полза на граѓаните, туку на функционерите, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека и додека реализацијата на капиталните расходи потфрла, тековните расходи се реализираат сосема непречено. Платите и надоместоците се реализирани со 57%, трансферите со 55%.
Comments are closed for this post.