Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија министерот Оливер Спасовски и СДСМ дека во МВР на позиции држат лица против кои се води крвична постапка за тешки кривични дела против човечноста.

Според Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на партијата, Спасовски веќе два месеци на позицијата началник на СВР Штип држи вработенн против кого, според информациите на партијата, е поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти според чл.418-б од КЗ.

Како што истакна Ѓорѓиевски, ова не е прв случај во кој што првите соработници на Спасовски се фатени во криминал, а потоа остануваат да ги вршат функциите. Тој потсети дека советникот на Спасовски, Драган Симоновски бил приведен под сомнение дека уценувал преку оддавање на ПИ мерки. Притвор немало, а советникот продолжил да си оди на работа, велат од партијата, додавајќи дека доказите мистериозно исчезнале и обвинителството се откажало од прогон.