Како поминуваат деновите, така се топи казната на Мијалков во години. Дали казната на Мијалков од 12 ќе се стопи на 9 години, и дали тоа ќе го потврди апелација? Дали ова е дел од договорот Заев – Мијалков? Му простува ли Заев на Мијалков за да Мијалков преку свои пајташи прикажува вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ? Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а власта се уште крие детали од случајот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев молчи и не кажува дали два дена колку што Мијалков бил во бегство се договара со него и дали во ЈО е донесен со владин црн пасат. Откако Мијалков се јавил во ЈО до драмата пред камери има 40 минути. Зошто Мијалков е пуштен 40 минути да се шета на околу наместо веднаш да се однесе во куќен притвор? Дали циркусот на Мијалков пред ЈО беше дел од договорот Заев – Мијалков, со цел да не падне владата на првиот? Мафијашката коалиција Заев – Мијалков функционира и од затвор. Македонија нема мир додека и Заев не се најде зад решетки, посочуваат од партијата.