Криминалците се во Владата и ги води Зоран Заев. Тие ја уриваат Македонија и единствен начин да се спаси државата е да бидат поразени.Зоран Заев е во очевидна паника, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по вечерашната изјава на македонскиот премиер.
„Доказите кои излегуваат во јавноста за случајот „Рекет“, кои го стегаат обрачот околу него се флагрантни и од нив нема бегање. Одговорност мора да има.ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува навреди и заканите на Заев кон новинарите кои го обелоденија неговиот криминал. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува и навредите врз основа на сексуалната определба.
Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува. Толкав гнев и агресија кон луѓе со поинаква сексуална ориентација може да се објаснат само со огромна блискост во минатиот период. Заев е очигледно исплашен од медиумските написи дека осомничениот Боки Тредичи има докази против него и ќе ги обелодени.
Заев е главата на октоподот, мозокот кој ги движи пипките како Боки Тредичи, Зоки Кичеец и Катица Јанева. Заев е човекот без чие знаење милионскиот рекет кој траел со години воопшто и не би бил можен.
Господине Заев одете си и оставете Македонија да заздрави од вас. Правда во Македонија ќе има, но не со вас на власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Comments are closed for this post.