СДСМ и Зоран Заев ги разочараа и измамија младите. Празните соопштенија од страна на СДСМ значат само потценување на интелигенцијата на младите во Република Македонија, се наведува во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Зоран Заев по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите.

„Младинска гаранција, изградба на студентски град во првите шест месеци како и подобрување на студентскиот стандард, погодности за студентите и младите невработени на СДСМ се проекти кои остануваат само празно слово на хартија.

Кога СДСМ пишува за реновирање на студентски домови и ученички домови дали може да каже на кои студентски и ученички домови поточно мисли?

На младите им е јасно дека тие не постојат за оваа криминална власт која води грижа само за криминални тендери, корупција, рекетирање, поткуп, уцена и закани.

Младите се најголемата жртва на лагите и манипулациите на криминалната влада на СДСМ и Зоран Заев и затоа СДСМ мора да си замине колку побрзо толку подобро“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.