Неспособноста на Заев и Филипче е причина моментално во Скопје да имаме околу 1.000 активни случаи на болни лица од КОВИД-19. Преплавен е и остатокот од државата каде имаме над 1.500 активни случаи. Македонија буквално тоне во зараза. Највиновни за тоа се Зоран Заев и Венко Филипче, велат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и Филипче одамна ја испуштија од контрола состојбата со пандемијата на Ковид-19 во Македонија. Бројот на заразени наближува на 20.000 лица, односно 10 пати повеќе од уверувањата на Филипче, стои во соопштението.

Додаваат дека од партијата предупредувале дека Заев и Филипче немаат капацитет да се справат со корона кризата, ниту на здравствено поле, ниту на економско поле.

На полето на здравството – пациентите се незадоволни, медицински сестри ги напуштаат клиниките, лекарите се револтирани. На полето на еконосмијата – граѓаните немаат пари, 40.000 останаа без работа, фирмите не добија помош, но затоа добија фирмите на Нина Ангеловска и Зоран Заев. Македонија со СДСМ само тоне, се додава во соопштението.