Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешниот Live chat на тема Одговор на сите Ваши прашања, околу прашањето кој е неговиот став околу предлогот за еден круг на локалните избори во 2021 година, дали е воопшто изводлив таков модел и дали ја гледа партијата во предност во такви околности кажа дека е ирелевантно дали партијата ќе има определени поволности и дека ВМРО-ДПМНЕ е за локални избори со еден изборен круг со цел да се заштедат пари.

Ирелевантен е ставот дали партијата ќе има определени поволности, дали пак резултатот на паријата ќе зависи од тоа, дали имаме прв или втор круг, за нас како народна партија како државотворна партија секогаш бил интересот на граѓаните во прв план и во преден план. И во име на тоа јас сакам јасно и гласно да се изјаснам по ова прашање. Да, сме за преференцијални листи на советниците, да сме за еден изборен круг по принципот на Британскиот модел First past the post и тоа да биде прв пат аплицирано на локалните избори, зошто затоа што навистина не ја гледам смислата на вториот круг освен ако се исклучи фактот за притисоците заканите и уцените на власта бидејќи на тој начин доколку имаме втор изборен круг за локалните избори ќе имаме сериозно трошење на државни средства во услови на државна криза во услови на пандемија‘‘ кажа Мицкоски

Мицкоски исто така нагласи дека нема потреба од непотребни трошења во време на пандемија и средствата кои би се потрошиле за втор круг избори можат наменски да се пренаменат во насока на пристојно образование или онаму каде што се потребни.

Немаме потреба на тој начин можеме да ги заштедиме тие средства кои што ќе се потрошат за вториот изборен круг тие да бидат истите тие средства да бидат искористени за купување на лап топ компјутери да бидат искористени во насока на тоа да им се помогнат на нашите деца да можат да се стекнат со пристојно образование. Така што апсолутно ВМРО-ДПМНЕ е во насока на поддршка на идејата за еден изборен круг на следните локални избори за избор на градоначалници и апсолутно се сложуваме за преференцијални листи на советници на следните локални избори‘‘ нагласи Мицкоски.