Ковачевски кукавички се обидива да расфрла пердуви, да манипулира и да измислува за лидерската средба, само и само да не даде конкретен одговор кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа. Наместо да заобиколува и да го троши времето за да измислува, нека даде конкретен одговор кој предлог за излез од евроинтегративниот ќорсокак го прифаќа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Двата предлози, освен откочување на евроинтегративната иднина, овозможуваат и заштитен идентитет и осигурани национални и државни интереси. Секој нормален би сакал да ги заштити и зајакне позициите на државата, но за жал гледаме дека Ковачевски тоа го избегнува, што отвора сомнеж дека подготвува нови отстапки во интерес на Бугарија во процесот на преговори.
Ковачевски нека не бега кукавички од одговори како што бега кукавички од избори и соочување со народот. Затоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му понуди ТВ дебата на која ќе се отворат сите позиции јавно пред граѓаните, без заобиколување, без лаги и манипулации. Ете му прилика на Ковачевски конечно да се охрабри и пред народот да ги каже своите аргументи, бидејќи и националните интереси се поважни од се.
Ајде Ковчевски охрабри се и излези на ТВ дуел, додаваат од партијата.
Comments are closed for this post.