Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение обвинува дека стратегијата на Комисијата за заштита од заразни болести и на власта резултира со дебакл, односно со над 6.000 заболени за три недели.
Власта која менаџира со здравството имаше цело лето да се подготви за есенскиот бран на ковид, но со месеци ништо не е направено. СДСМ не инвестираше во нови болнички капацитети, медицинскиот персонал не доби дополнителна награда за својот труд и посветеност, односот на менаџментот на болниците со вработените е лош. Власта го фрли целото здравство во хаос. И сега кога немаме ден, а бројот на заболени да не е неколку стотина, власта не знае што да прави“, пишува во соопштението.
Од партијата додаваат дека СДСМ политизираше сѐ, вклучувајќи ја и Комисијата за заштита од заразни болести, како и дека одлуките се политички, а не стручни.
Комисијата за заразни болести, од почеток ја води погрешно работата, без план и стратегија, само да се задоволат апетитите на власта. Тоа предизвика Македонија да нема втор есенски бран, туку континуиран бран со пикови, кои се секој ден сѐ поголеми“, стои во соопштението.
Comments are closed for this post.