Членовите од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата за политички систем на која се расправа за измени на Кривичниот законик, откако вчера на пленарна седница беше изгласана потребата по скратена постапка да се донесат измените на Кривичниот законик.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште вчера најави дека нема да учествуваат во собраниската дебата за Кривичниот законик, затоа што како што велат, со тоа се урива правната држава.

Зоран Заев преку ова решение тргува со правото и правната држава. Многу од предложените норми се противуставни, спротивни на функцијата и намената на законот и просто нелогични и апсурдно бесмислени. Вакво нешто не е запаметено во политичката јавна сцена“, рече Мицевски.

Пратениците од владејачкото мнозинство и осумтемина исклучени од ВМРО-ДПМНЕ дадоа зелено светло на вчерашната седница за иамени на Крвичниот законик, а опозицијата гласаше против.